Спасен со совет како правилно се води љубов: „Се гушкаш во кревет, саат, два, три…“
Познатиот македонски фолкер даде совет како правилно се води љубов, според него.
Спасен откри дека водење љубов за него подразбира само ако пред самиот чин се прегрнувате со партнерката по неколку часа.
Спасен Силјановски е активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии и од своето семејство.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Во брак е со неговата Ана долги години, а плод на нивната љубов се нивните две деца, син и ќерка.
Спасен важи за голем романтичар и воопшто не се штеди кога станува збор за изразување емоции јавно за своите сакани.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Во поткастот „Искрено“ на Адријана Ацевска и Ивана Наскова, тој зборуваше за водењето љубов и што подразбира тој под водење љубов.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
„Кога се работи за страст или за олеснување или исфрлување на тие сексуални емоции, можеш да појдеш со не знам каква девојка во тоалет, за 5 минути и тоа е страст, тоа не е љубов. Додека со љубов којашто навистина ја сакаш, ја чувствуваш, според мене доколку не се гушкаш во кревет, саат, два, три. Да се гушкаш, да се топлиш, да ја чувствуваш нејзината енергија, да ѝ го чувствуваш срцето, да уживаш во нејзиниот мирис, природен, без парфеми, не можеш да имаш секс.
Доколку не можеш тоа да го правиш 2 саати, па како би издржала во кревет со сопругот 50 години во брак“, кажа пејачот.
Дали се согласувате со Спасен?