Спасен Силјаноски ја отвори вратата од својот дом – погледнете ја елката, раскош на сите страни
Еве каде и како Спасен си ги полни батериите
На пејачот семејството му е најважно
Познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски никогаш не криел дека неговото семејство секогаш му е на прво место.
Сé што прави во животот го прави за нив и секогаш своето слободно време го користи за да ужива со нив.
Спасен сега сподели една снимка и покажа како изгледа неговиот топол дом кој со сопругата го средила како во бајките.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Пејачот живее во луксузен дел од градот, а сега на Инстаграм покажа како изгледа дневниот престој во пресрет на празниците.
Целиот простор е украсен со новогодишен декор, а Спасен ужива додека седи во фотелјата покрај големата елка.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Потсетуваме, на Спасен неодамна му се случи несреќа кога на еден свој настап падна и си ја скрши раката.
Од овие причини тој некое време мораше да мирува, а како што самиот ни откри во интервју за Гламур магазин, овој период го искористи да се одмори, но и да ужива со најблиските со кои заради својата професија понекогаш не се гледа и по цели недели.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Впрочем таков ќе му биде и следниов период, кога пред и по Нова година ќе има настапи на најразлични делови од светот.
„Се надевам дека се ќе помине добро бидејќи имам многу настапи. На 25-ти декември настапувам во Грција кај Македонците од Егејска Македонија. За Нова Година сум во Линц- Австрија , потоа летам директно за Њу Џерси во Америка“.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
„За Божиќ пеам во Америка а за Стара Нова година сум во Торонто“, изјави Спасен во интервју за Гламур магазин.