Реклама
Наши ѕвезди

Спасен Силјаноски направи лом на една свадба – невестата НАЈВЕСЕЛА, кумот и момчето го китат со пари

Кога тој ќе го земе микрофонот, цела сала станува на нозе

Реклама

Пејачот направи лом на една македонска свадба

Познатиот фолк пејач настапи на една приватна веселба и направи журка што ќе им остане во сеќавање на сите.

Нашиот познат фолк пејач Спасен Силјаноски пееше на една свадба овој викенд каде ги забавуваше гостите.

Маркетинг

Кога го запеа својот голем хит „Ќе ти дојдат вечерва“ буквално сите беа кренати на нозе, а меѓу највеселите беше убавата веселба.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Потоа следуваше песната „Павле ми пие вино ем ракија“, која посебно го воодушеви младоженецот заедно со кумот и другарите.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Нема некој што не скокна на нозе и не пееше заедно со Спасен кога тој го зеде микрофонот и ги запеа познатите песни.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Од снимките што пејачот ги сподели на својот Инстаграм можеме да видиме како сите уживаа, но убавата невеста најмногу.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

И Спасен не го криеше задоволството што пее на една ваква прослава каде сите беа весели и максимално расположени.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Облечен во сиви панталони и бела кошула, Спасен се фати за микрофонот и направи журка што ќе се памети.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Тој ги редеше своите хитови, но и најпознатите македонски песни, а сватовите и младенците уживаа во секоја од нив.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Познатиот фолк пејач секако си заработи и убав бакшиш, што исто така може да се види од видеото што го објави на Инстаграм.

Инаку, Спасен, неодамна во интервју за Гламур магазин, откри каква музика слуша приватно, и кои му се омилени пејачи.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

„Слушам се од музика во зависност во каков елемент и амбиент сум, во зависност какви ми се емоциите. Еве обично кога по настап се врачам накај дома не слушам музика бидејќи тогаш сум преполн со музика, а ако слушам тогаш пуштам сериозна музика, обожавам класика, понекогаш слушам ретро, го обожавам Френк Синатра, сакам од типот на Ѕвонко Богдан, тамбураши или далматински песни. Единствено што не слушам и ме прави нервозен, не го презирам ама не го сакам е тој модерен турбо-фолк лично не ми прија, ми ги надразнува ушите“.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

„А кога сме на седенка ја земам хармониката и си пееме македонски песни, и новокомпонирани и стари“, ни откри тогаш Спасен, а целото интервју со него прочитајте го тука.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button