Спасен Силјаноски и Адријана Алачки ја кренаа цела Малешевија на нозе – ова ќе се памети (видео)
Спасен Силјаноски се фати за микрофонот, Малешевците заедно со него направија лом во „Везилка“
Новата емисија „Везилка“ се снимаше во Малешевијата, а пејачот и водителот Спасен Силјаноски беше во топ форма.
Впрочем тоа може да се види и од снимките што ги објави неговата колешка Адријана Алачки на социјалните мрежи.
На едно од видеата се гледа како Спасен им пее на гостите, а тие сите заедно со играорците се фатени во оро.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Како изгледаше овој момент кога познатиот пејач ги крена сите на нозе, погледнете во продолжение.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Потсетуваме, Спасен Силјаноски од неодамна ја води емисијата „Везилка“ заедно со својата колешка Адријана Алачки.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Тој дојде на местото на Благоја Грујовски, а покрај Спасен ново лице во емисијата е и мисицата Анѓела Јакимовска.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Тие сега заедно со водителката Адријана Алачки ќе бидат дел од ова неделно шоу на телевизија Алфа кое важи за една од најгледаните емисии во нашата земја, богата со музика, вкусна храна и добра забава, и кое гледачите од цела Македонија го обожаваат.
А дека тоа навистина е така, погледнете во продолжение…