Спасен се врати од Австралија, па направи „селфи“ во семејниот дом и на сите им ги стопи срцата!
Гордиот татко се врати кај своите најмили
Познатиот македонски фолк-пејач Спасен Силјаноски се врати од Австралија и покажа како ужива со својата наследничка.
Познатиот фолк-пејач претходниот викенд замина во Австралија каде што имаше настап по повод 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација, и по само неколку дена поминати во Мелбурн, повторно се врати во Македонија.
Тој најпрво објави фотографија од авионот, а потоа направи селфи и со својата наследничка која беше пресреќна што тате се врати.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Гордиот татко не ја крие среќата што се врати дома и што повторно може да го минува времето со своите најблиски.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Неговата фотографија со ќерката ги разнежни неговите следбеници, а малата дама им ги освои срцата на сите.
Потсетуваме, Спасен и пред да замине објави заедничка фотографија со семејството, додека тие го испраќаа на аеродромот.
Фото: Фејсбук/ Ана Силјаноска
„Татичко пак ни отиде во Австралија, среќен пат те сакаме“, напиша тогаш сопругата на Спасен, Ана, и ги разнежи сите.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Инаку Спасен важи за скромен семеен човек, а популарноста воопшто го нема променето, велат оние што го познаваат.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Тој е еден од омилените пејачи од помладата генерација како во Македонија, така и кај нашите во дијаспората.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Каде и да настапи, без проблем успева да ги крене сите на нозе, а за неговите настапи секогаш се бара влезница повеќе.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Впрочем така беше и на ова негово патување, кога настапи пред нашинците во далечната Австралија, а како изгледаше ова негово гостување, погледнете во продолжение…