Спасен пее на свадба, рацете му ги полнат со пари – и младоженецот и невестата никогаш повесели
Еве како се забавуваат гостите на нашите свадби
Еве како изгледа кога Спасен ќе запее на свадба
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски на својот профил на социјалните мрежи објави неколку снимки со кои ги воодушеви сите.
Имено, Спасен овој викенд пееше на една свадба, а како што може да се види и од снимката, си заработи и голем бакшиш.
Оваа снимка на познатиот пејач веднаш стана вирална, посебно моментот додека седнат ја пее „Заветна“, опкружен со гостите кои пееја заедно со него, а пари буквално летаа од сите страни.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
И пејачот очигледно беше презадоволен од атмосферата, па сподели неколку снимки од свадбата на својот профил.
Тој објави и една селфи фотографија, а под неа напиша:
„Како се калеше челикот“, напиша Спасен под фотографијата.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен покрај тоа што е еден од најбараните фолк-пејачи во последно време можеме да го гледаме и во улога на водител.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Имено, тој ја води популарната македонска емисија везилка заедно со Адријана Алачки, каде исто така неретко знае и да запее.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Како Спасен изгледа и во ова издание, во улога на водител и колега на Алачки, погледнете во продолжение…