Спасен искрено објасни како се стигнува до врвот – популарниот пејач ја откри неговата тајна
Македонскиот пејач ја откри тајната за успех
Спасен со своите постапки е вистински пример за помладите.
Пејачот на фолк-музика Спасен Силјаноски е еден од ретките музичари на нашата сцена, кои максимално внимание посветуваат и на физичкиот изглед.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Освен што важи за голем професионалец и работи со полна пареа, Спасен е и семеен човек, но тоа воопшто не го спречува да биде физички активен.
Сето тоа се одразува на неговиот физички изглед, а во исто време тоа е и негов издувен вентил.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Многупати за медиумите има изјавено дека го обожава спортот и секој слободен момент го користи за да спортува.
Освен со спортски активност, тој е физички активен и со завршување на домашните обврски, но и со работа на нива.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Тој навистина е пример за сите кои го следат и е доказ дека со работа се постигнува голем успех, а спортските активност го одржуваат здравиот дух.
Вљубеник е и во возењето мотор и тоа за него е издувен вентил, далеку од сцената и сите секојдневни стресови.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
По потекло е од кичевско Поположани, а откако се пресели во Скопје, планинатата Водно му е омилено место за спортување.
Секогаш кога има слободно време си го зема велосипедот и така се искачува до врвот на Водно.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
На Фејсбук сподели фотографија и покажа како изгледа после напорното искачување, а во опис напиша:
„За да стигнеш до врвот мора да се испотиш…“