Соња и Јохан Тарчуловски се пресреќни: Нивната ќеркичка тргна во прво одделение, гордата мама сподели фотка од првиот училишен ден!

Јохан и Соња Тарчуловски ја покажаа својата гордост и ги воодушевија сите.
Повторно семејството имаше причина да слави.
Кај нив дома никогаш не е здодевно и секој момент го користат како причина за нешто да прослават.
Јохан и Соња Тарчуловски важат за едни од најскладните парови на македонската јавна сцена.

Нивната љубовна приказна уште од самиот старт беше под будното око на јавноста, а тие се доказ дека и покрај големите предизвици и искушенија, љубовта ќе опстои и дека само таа е најважна.
Некогашната пејачка е 16 години во брак со со македонскиот бранител и политичар Јохан Тарчуловски.

Нивната најголема гордост и плод на љубовта се трите деца, Мелани, Младен и Јоана.
Во нивното семејстбо владее хармонија и секогаш каде и да одат, одат сите заедно.
Соња е таа која најчесто е поемотивна, па секогаш таа прва споделува емотивни статуди и фотографии за своето семејство.

Но, и Јохан знае понекогаш да ја покаже својата нежна страна.

По повод 16-годишнината од брак, Јохан сподели нивни заеднички фотографии, а во опис напиша:
„16 години и во добро и во лошо, и во радост и во тага, но само заедно еден до друг.
Нашата приказна продолжува“, стои во опсиот. Под објавата веднаш почнаа да се нижат коментари со убави желби за семејството од нивните најблиски и пријателите.

Нивната најстара ќерка тргна по стапките на мама и веќе започна со успешна музичка кариера.
Иако е релативно млада, зад себе има многу успеси и награди.
Онаа на која беа прегорди и Соња и Јохан беше настапот на фестивалот „Golden Voice 2020“ каде од 100 изведувачи од 70 различни земји, достојно ја претстави Македонија и го своите второто место.
Нивниот син Младен има 13 години и се занимава со спорт. Младен сега игра за Фудбалскиот клуб на Вардар.
Нивната трета среќа, најмалата ќерка Јоана, тргна во прво одделение и им донесе голема среќа на своите родители.

Гордата мајка на Фејсбук сподели фотографии од првиот училишен ден на својата ќерка и напиша емотивна порака за неа.
„Јоанa, прваче наше,сонце наше, голема радост. Има некоја посебна магија во тоа да си прваче. Тато ,мама,дада и бато ти посакуваат успешна година и среќни школски денови.
Честитки до сите првачиња”, напиша таа на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Фото: Фејсбук / Соња Тарчуловска