Сопственикот на „Пинк“ го покажа својот сиво – бел свет: Погледнете во домот на Жељко Митровиќ
Сопственикот на „Пинк“ Жељко Митровиќ со неколку фотографии покажа дел од својот луксузен дом во Белград, кој, забележливо е дека е внимателно уреден и декориран токму според неговите желби.
Според фотографиите, во неговиот дом доминираат сиво-бели нијанси, додека на масите цвеќето е во препознатлива пинк и виолетова нијанса.
Жељко се погрижил на сите страни во неговата дневна соба да има удобни перници и двоседи, а целиот распоред и декор се нешто за што можат многумина да му завидуваат.
Она што зачуди многумина е што на ѕидот од дневната соба има дури пет екрани во еден ден, додека под нив – има уште, што и не е толку чудно за медиумиски могул кој на своите различни ТВ станици сака да следи што се емитува во секој момент како и на конкурентските телевизии и странски канали.
Интересен часовник, скапоцени уреди и долги, светли завеси исто така можат да се забележат на фотографиите на Инстаграм.
Инаку, уште во февруари неговата ќерка Кристина наполни 20 години и во таа прилика Жељко сподели видео за тоа како го слават роденденот во Лондон.
Погледнете дел од таа атмосфера:
https://www.instagram.com/p/B8hpwACBdwN/?utm_source=ig_embed