Реклама
Холивуд

Сопругот на пејачката Пинк проговори за нејзината состојба: Коронавирус целосно и ги зафати белите дробови, едвај дишеше!

Реклама

Сопругот на пејачката Пинк, Кери Харт (40), раскажа повеќе детали за борбата против коронавирусот откако Пинк и нивниот 3-годишен син Џјмесон дознаа дека се позитивни.

 

Маркетинг

Пинк откри на Инстаграм на 3 април дека двајцата се позитивни. Харт рече дека борбата на Џејмсон со болеста докажува дека тој е имун на коронавирус.

– Беше напнато. И двајцата се разболеле. Мојот син имаше полоши симптоми, што ја отфрли целата теорија дека ова влијае само на постарите луѓе. Пинк ми беше премногу лоша. Таа има асма. Коронавирусот и ги нападна белите дробови.

Маркетинг

– Пинк стана навистина нервозна откако виде дека коронавирус се шири брзо, и беше уплашена  поради нејзината состојба со асма. Никаде не излегувавме, бевме во целосна изолација. Живееме во мал град и не сакавме никој случајно да се зарази со овој вирус. Само што отидовме кај лекарот и педијатарот – изјави Кери.

Пинк на својот Инстаграм на 3 април ја критикуваше федералната влада што не ги направи тестовите подостапни.

– Луѓето треба да знаат дека младите и старите, здрави и нездрави, како и богати и сиромашни можат да се разболат од оваа болест. Тестирањето мора да биде бесплатно и широко достапно за да ги заштитиме нашите деца, нашите семејства, пријатели и нашата заедница – напиша таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button