Сопругот на Карлеуша, Душко Тошиќ, соопшти тажни вести за ОБОЖАВАТЕЛИТЕ, наскоро ги „пакува куферите“ и заминува …
Душко конечно ќе се врати дома?
Познатиот фудбалер и сопруг на популарната поп дива, Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, ги изненади следбениците и верните фанови со објавата на својот Инстаграм профил, откако соопшти дека по три години реши да ја напушти Кина и клубот во кој со години играше.
„Би сакал да им се заблагодарам на луѓето од фудбалскиот клуб ‘Гнанџоу Р&Ф’ и на сите свои кинески навивачи, кои ме поддржуваа во овие феноменални две и пол години. Навистина уживав многу, и секогаш ќе имате посебно место во моето срце. Многу сум тажен што ја напуштам оваа прекрасна земја, но во исто време сум и пресреќен и се радувам на иднината и на новите предизвици“, изјави Тошиќ.
Да потсетиме, Тошиќ пред неполни три години започна да игра за овој кинески тим, но како што наведува и самиот, покрај тоа што не му е сеедно што си аминува, време е за нови победи во животот. Иако оваа негова одлука ги разочара кинеските фанови на фудбалскиот тим за кој играше, неговото семејство е среќно што конечно се враќа дома.
Инаку, медиумите неодамна пишуваа дека Јелена и Душко наводно постигнале договор за развод на бракот и дека официјално ќе се разделат за неколку месеци, но овие гласини познатиот пар ги демантираше.
Сопружниците тоа го направија така што наместо да се јават, тие пред фановите споделија заеднички фотографии. Тие тогаш дури и се пошегуваа на нивна сметка – на едната фотографија не се гледаше лицето на фудбалерот.
Ова беше една од ретките прилики Тошиќ да се обрати, па и вака индиректно до фановите на својата сопруга, бидејќи тој многу ретко дава изјави за медиумите, за разлика од Карлеуша. Официјална потврда или демант за информациите што ќе доспеат во јавноста од некои нивни блиски пријатели од опкружувањето речиси и да нема, но затоа секоја негова објава на социјалните мрежи предизвикува големо внимание.
Впрочем тоа беше така и додека Јелена објавуваше провокативни фотографии од својата спална соба.
За разлика од неговата сопруга, која под објавата напиша „карантин“, фудбалерот објави една фотографија од која можеме да видиме како ужива во еден локал на тераса.
„Поздрав од Кина“, напиша тогаш тој на Инстаграм.