Сопругата на шеф Марк откри што прави тој кога се надвор: „Шеф си е шеф“
Сопругата на најпознатиот готвач во земјава покажа што прави тој кога одат на прошетка.
Василка ги засмеа сите со најновото видео од нејзииот сопруг на социјалните мрежи.
Марк де Јонг или како што публиката го знае шеф Марк е еден од најпопуларните готвачи во земјава, а публиката го запозна како еден од главните готвачи во емисијата „Брза кујна“.
ФОТО: Инстаграм / Марк де Јонг
Љубовта кон готвењето Марк вели делумно ја наследил и од неговиот татко, кој по 11 години работа како полицаец решил да отвори ресторан со белгиска национална кујна.
Она што малкумина од вас можеби го знаат е тоа дека Марк има македонско потекло.
ФОТО: Инстаграм / Марк де Јонг
Неговото семејство живеело во Скопје, но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.
Долги години е заедно со неговата веќе сопруга Василка, а од првиот брак има син и ќерка.
ФОТО: Инстаграм / Марк де Јонг
Марк и Василка имаат љубов каква посакуваат сите млади и уживаат да го поминуваат времето заедно.
Василка е негова најголема поддршка и го следи каде и да одат.
ФОТО: Инстаграм / Марк де Јонг
Постојано патуваат и обожаваат да посетуваат нови места и дестинации.
Неделава тие беа на патување во Грција, од каде Марк сподели виде направено за време на нивната прошетка.
На него се гледа дека тој се обидува да набере некои зачини на кои налетале по пат, а во позадина се слуша Василка која вели:
„Ете го Марк, фала Богу он околу зачините, да си чепне, да си земе, да си засади право дома. Епа, тоа е, шеф си е шеф“.