Сопругата на славниот продуцент Мили е вистинска убавица, еве како ја освоил на второ видување

Познатиот продуцент и композитор Александар Милиќ Мили денеска е среќно оженет, а за српските медиуми еден од омилените ликови од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ откри дека во својата сопруга Нина и денес е вљубен како и првиот ден.
Нина и Мили уште пред официјалната средба слушнаа многу приказни еден за друг од заеднички пријатели.
Додека пријателите на композиторот му велеа дека ја имаат совршената девојка за него, убавата Нина која студира во Италија, Александар Милиќ Мили во нивните приказни бил „царот кој живее во вила на Дедиње“, што во тој момент навистина беше вистина.
Мили поради околности извесно време живеел на улицата Ужичка во Белград, а токму кога требало да ја види Нина тоа се променило.
– Вилата ми ја даде пријател да ја користам, бидејќи финансиски му помогнав – изјави Мили и додаде:
– Беше неверојатна резиденција, таму направив студио и простор за живеење. Спалната соба ми беше 250 квадрати, само каминот беше шест метри.
Имав и сопствен парк, обезбедување, некои француски новинари беа шокирани, прашуваа кој може вака да живее од музика во Србија – изјави за „Курир“, но кога Нина влегла во неговиот живот, немало ни трага од замокот.
Имено, тој веќе се преселил во студио од само петнаесет метри квадратни во Дорчол, а кога првпат ја видел Нина, Мили вели дека веднаш знаел дека „тоа е таа “.
– Од моментот кога ја видов знаев дека еден ден ќе ми биде жена. Веќе следниот ден се враќала во Италија да учи. Веднаш им реков на овие пријатели:
„Денот кога Нина ќе слета, морам да знам“. Шест месеци подоцна, таа се враќа за Нова година и заедно ја поминуваме Новата 2004 година – се присети тој, а потоа продолжи:
– И кажав дека ќе одиме на вечера утре и после тоа отидовме во кафуле каде што сакав да одам. Таму ја прашав дали има дечко, ми рече да. Веднаш и реков:
„Види планот е овој: утре сабајле ќе му се јавиш и кажи му дека нема ништо од тебе, дека не е тоа – тоа. Ќе се слушнеме околу пладне и никогаш повеќе нема да се разделиме“.
Нејзе и беше смешно, но така беше, тоа ни беше второ видување во животот. Од тогаш досега го имавме најсовршениот можен брак, да го нацртав немаше да биде така.
Не можев да запознаам поубава и попаметна личност од неа. Таа повторно се врати во Италија шест месеци, а јас живеев во Монако три месеци годишно, каде што одевме заедно со автомобил, веднаш штом таа се врати од Италија. Таму се веривме, а една година подоцна направивме голема свадба.
Ќерката Миа е родена во 2006 година, а година и пол подоцна синот Маркус, кои оттогаш се центарот на нашиот универзум“, рече Мили.