Сопругата на Саша Поповиќ ги спакува куферите и замина далеку од СЕМЕЈНИОТ дом – по цели 15 години и се врати на старата љубов

Сузана Јовановиќ повеќе од две децении е во складен брак со директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ.

Познатата пејачка во една пригода раскажа дека нивната љубов се родила од пријателство, постепено, и од како застанале на лудиот камен нивниот семеен живот е исполнет со меѓусебно разбирање и идила.
Сузана откако заплови во брачните води потполно му се посвети на семејството и освен неколку хитови што ги имаше во меѓувреме, многу ретко се појавува во медиумите и речиси никогаш не се експонира во јавноста. Оние што ја познаваат за неа велат дека е многу скромна жена.
И покрај тоа што нејзиниот сопруг важи за еден од најбогатите во естрадата, таа живее повлечен живот, далеку од очите на јавноста.

Можеби токму затоа и ги изненади сите кога одлучи да ја освежи својата кариера и да се врати на својата стара љубов.
Имено, пејачката во моментов е во Истанбул каде го снима спотот за својата нова песна, а веста дека Сузана се враќа во шоубизнисот на Инстаграм ја сподели режисерот на музички спотови, Дејан Миличевиќ.

„Големо враќање по петнаесет години на дама, мајка, супержена, нашата Сузана Јовановиќ Поповиќ“, напиша тој.

Во прашање е видео на кое познатиот режисер е во друштво со сопругата на Поповиќ, а неколку фотографии од снимањето можете да видите во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ