Сопругата на премиерот Ковачевски му го украде „шоуто“ во Њујорк – ПОГЛЕДНЕТЕ каква убавица е нејзината наследничка (фото)
Елегантно, модерно и потполно соодветно за пригодата
Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Џил Бајден организираа свечен прием за претседателите на државите и владите како дел од Генералното собрание на Обединетите нации.
Меѓу гостите на приемот беше и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, со неговата поубава половина, Елена, која и за оваа пригода внимателно го избра стајлингот и едноставно блескаше во ова свое издание.
По големиот број позитивни критики за преубавиот розов фустан што шармантната Елена го носеше само еден ден претходно, таа овој пат повторно се определи за комбинација на која нема што да и се замери.
Имено, таа блескаше во здолништето со впечатлив цветен дезен и црната блуска со кратки ракави, а комбинацијата и покрај тоа што беше поприлично сведена, повторно ѝ пружи ефективен и тренди изглед.
Таа и овој пат избра креација од познатата македонска дизајнерка Тања Кокев, а целото издание го „зачини“ со децентна шминка, мали обетки и својата впечатлива кратка коса со која никого не остави рамнодушен.
Од друга страна, сопругата на првиот човек на САД носеше светка фустан во темна нијанса и со долги ракави, а судејќи според коментарите на корисниците на социјалните мрежи, сопругата на Ковачевски едноставно блескаше и во ова свое издание и повторно никого не остави рамнодушен.
Кој е вашиот став, дали Елена и овој пат ја погоди комбинацијата и што е она што најмногу ви се допаѓа во ова издание?
Сопругата на Ковачевски и овој пат привлече внимание, а до скоро јавноста речиси и да не знаеше ништо за неа.
Елена е родена во Крива Паланка и заедно со својот сопруг и децата живее во Скопје, а неодамна во центарот на вниманието беше и нејзината ќерка, Тамара Ковачевска.
Имено, Тамара заедно со својот татко беше на посета на Ватикан, кога беше дел од делегацијата што беше примена кај Папата.
Младата дама тогаш ги освои симпатиите на македонската јавност со своето прекрасно издание што го носеше тогаш.
И таа како и нејзината мајка носеше креација од истата македонска дизајнерка, и за ова нејзино фасцинантно издание потоа со денови се зборуваше.
Прекрасниот фустан што го носеше ќерката на премиерот на овој настан го привлече вниманието на јавноста, па сите коментираа дека Тамара изгледаше одлично во него и дека не можеше да помине незабележано.
Во прашање беше црн фустан од есенската колекција на Кокев. Тамара оваа прекрасна тоалета ја носеше со црни, елегантни високи потпетици, а горниот дел толку беше интересен посебно заради детаљот од тул на ракавите.
Како изгледаше овој фустан, но и останатите креации со потписот на Кокев, погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев
Фото: Фејсбук/ Тања Кокев