Сопругата на поранешниот македонски министер Сугарески изгледа како ХОЛИВУДСКА ДИВА – еве што откри за неа нашиот политичар
Македонскиот политичар и поранешен министер го покажа своето семејство.
Горан Сугарески долги години е на македонската политичка сцена, но јавноста досега немала можност да го види неговото семејство.
Тој е роден во Прилеп, а дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.
Во пресрет на локалните избори тој се кандидираше за градоначалник на Прилеп, а по повод именденот на својата ќерка тој објави семејна фотографија.
-Семејството е единственото нешто на кое, без исклучок, секогаш и со сигурност можеме да се потпреме. Љубовта на Лидија, Марија и Глигор, се мојот најголем благослов, напиша Сугаревски.
Тој додаде дека поради кариерата со денови бил отсутен од дома и оттргнат од семејството и саканите.
-Да отсуствувам од, само наизглед, малите и ситни работи кои, всушност, живот значат. Ниту било сеедно, ниту било лесно во таквите моменти да се биде далеку од домот, далеку од нив.
На денот кога го славиме именденот на моето првенче, со чувство на неизмерна гордост и среќа, можам да кажам дека најголемата поддршка за сите одлуки кои сум ги носел во животот, доаѓала токму од нив. Мојата сопруга и моите деца, биле и секогаш ќе бидат главниот двигател, мотив и инспирација во мојот живот.
Велат дека некои битки мора да се водат повеќе пати за да се добијат. Борбата за семејството, за нивната среќа и иднина, трае до последниот миг на животниот век. Низ искушенијата кои претстојат ќе чекориме заедно, со цврста верба и со уште поголема љубов еден за друг!, напиша Сугаревски под објавената фотографија од неговото семејство.
Она што најмногу паѓа во очи е неговата преубава сопруга Лидија која изгледа како холивудска актерка.
Руса коса и прекрасна насмевка таа едноставно зрачи со убавина, а се чини дека и нејзината ќерка ја наследила убавината од мама.
Иако нема објавено многу фотографии доволно се само неколку за да ја докажат нејзината убавина.
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски
Фото: Фејсбук/ Горан Сугаревски