Реклама
Стил

Сопругата на министерот Љупчо Николовски се појави и го украде шоуто – грациозна дама со холивудски стил

Блескаше во црвениот фустан

Реклама

Сопругата на Љупчо Николовски, Андријана, се појави на еден настан во хотелот Хилтон и со своето грациозно издание го украде шоуто.

Шармантната млада дама за оваа пригода избра фустан во страсна црвена нијанса во кој изгледаше како холивудските диви.

Во прашање е грациозна креација со тесен горен дел во форма на корсет, со голи раменици и со должина до подот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јакимовска

Андријана целото издание го зачини со црвен кармин и исфенирана фризура, а во рацете држеше плико чанта во металик нијанса.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јакимовска

Инаку, Андријана која веќе неколку години е во складен брак со министерот, често знае да ги изненади сите со своите модни приказни.

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Таа е една млада и отмена дама, која секогаш внимава на својот изглед, и е во центарот на вниманието каде и да се појави.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јакимовска

Тоа може да се забележи и од нејзиниот профил на Инстаграм каде на своите фотки блеска како холивудските диви.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јакимовска

Андријана често го придружува својот сопруг на свечени настани, и секогаш привлекува внимание со својот стил.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јакимовска

Тие се во брак од март 2020 година, а како оваа прекрасна млада дама изгледаше и како невеста, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Фото: Инстаграм/ Љупчо Николовски

Наши предлози:

Наш избор на црвени фустани со кои можете да го позајмите ова прекрасно издание на оваа млада и убава дама…

VALENTINO GARAVANI

ALEX PERRY

ALEX PERRY

ANDREW GN

SOLACE LONDON

SOLACE LONDON

BERNADETTE

SOLACE LONDON

SOLACE LONDON

Фото: Нет-а-портер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button