Сопругата на Мили од „Ѕвездите на Гранд“ е вонсериска убавица – поранешниот го шутна заради него, изгледа неверојатно!
Малкумина знаат дека композиторот и продуцентот Александар Милиќ Мили е во брак со десет години помладата Нина.
Познтиот композитор со својата сопруга има складен и романтичен брак, а круна на нивната љубов се нивните веќе возрасни деца, ќерката Миа и синот Маркус.
Мили во една пригода има откриено речиси до детаљ како ја запознал својата идна сопруга која е вистинска убавица.
Како што самиот раскажува, во тоа време живеел во огромна вила на Дедиње, од 3000 квадрати, каде само спалната соба имала 250 квадрати. Во оваа вила било и неговото студио, но и голем камин и простории во кои многу често уживал со своите пријатели. Во тоа време бил близок со група девојки, кои многу често престојувале кај него да слушаат музика и да гледаат филмови, бидејќи како што самиот вели, речиси и да не излегувал од дома, впрочем како и сега, раскажуваше своевремено Мили за српскиот „Курир“.
Токму овие девојки со кои Мили интензивно се дружел во тоа време постојано му зборувале за нивната пријателка Нина.
Нина во тоа време живеела во Италија, каде била запишана на студии. Но токму кога таа се вратила во Белград и требало да се запознаат, Мили се преселил да живее во многу помало место, така што приказните за него што ги слушала од своите пријателки, дека живее како цар на Дедиње, воопшто не соодветствувала со она што таа прв пат го доживеала со него.
Сепак, како што раскажува Мили, тој уште од првиот момент знаел дека таа е вистинската за него.
Од првиот момент кога се сретнавме знаев дека таа еден ден ќе биде мојата жена. Таа веќе утредента се врати во Италија на студии, а јас на моите пријателки им кажав Денот кога Нина ќе слета јас морам да го знам. Шест месеци подоцна таа се враќа за Нова година и дочекот на 2004 го минуваме заедно. Тогаш и кажав дека утредента ќе одиме на вечера и бевме во едно кафуле во кое што сакав да одам. Таму ја прашав дали има момче, таа ми кажа дека има.
„Види, планот е ваков – ти утре наутро јави му се и кажи му дека од вас нема ништо, дека тоа не е тоа. Ние ќе се слушнеме околу пладне, јас ќе дојдам по тебе и повеќе јас и ти нема да се раздвојуваме. На неа тоа и беше смешно, но така и беше, што беше нашето второ видување во животот“.
„Поубава и попаметна личност од неа не можев да сретнам. Таа повторно се врати во Италија на шест месеци, а јас живеев во Монако три месеци годишно, каде заминавме заедно со автомобил, штом се врати од Италија. Таму и се свршивме, а по година дена направивме голема свадба“.
„Ќерката Миа ни се роди во 2006 година, а по година дена и синор Маркус, кои од тогаш се центарот на нашиот универзум“, раскажа Мили за „Курир“.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм