Сопругата на Милан Калиниќ со својот изглед остава без здив: Таа е вистинска убавица
Познатиот српски актер и водител Милан Калиниќ минатата година гостуваше во емисијата „Добро утро Србијо“, каде ги откри најинтимните детали од приватниот живот.
Милан тогаш првпат јавно проговори за својата сопруга Сандра, која од него е повисока за цела глава:
– На почетокот, кога јас и Сандра одевме, тогаш не можев да знам каков човек е. Сега кога поминаа многу години, среќен сум што покрај себе имам вистински пријател, одлична мајка на моите деца… Посебно ме изненадува каков однос има со моето семејство. Имам чувство дека мојата мајка во моментов повеќе ја сака Сандра, отколку мене. Од друга страна, и јас одлично се согласувам со нејзиното семејство. Сето тоа е многу важно за да биде успешен бракот, раскажа актерот.
Сопругата на познатиот водител е вистинска убавица, а тоа го потврди кога се појави на премиерата на филмот „Јужни ветар“ во Белград.
https://www.instagram.com/p/B5s6025n9Qo/?utm_source=ig_embed