Сопругата на Мики Црнокрак објави фотографии од кои застанува здивот – изгледа како милион долари
Светлана Црнокрак во едно од најубавите изданија досега
Позираше во црно бикини
Поранешната манекенка Светлана Црнокорак одлучи да си ги наполни батериите, но и да ги израдува своите пријатели и фанови.
Имено, сопственичката на студиото „Црнокрак“ ги почести своите следбеници со неколку снимки од плажа и сите ги воодушеви.
Таа позираше во црно бикини со висок струк и бела кошула која што ја носеше откопчана, истакнувајќи го своето тело.
И додека мажите беа воодушевени од тоа како изгледа, еден детаљ не можеше да помине незабележан ни од страна на дамите.
Станува збор за нејзиниот ретро костим за капење – бикини со висок струк кој е хит веќе неколку сезони по ред.
Светлана избра модел со прорези кој е совршен избор за сите оние што сакаат да ги сокријат недостатоците, но и повторно да мамат воздишки.
Ваквите винтиџ модели со висок струк се појавила во 50-тите, благодарение на францускиот моден дизајнер Жак Хејл.
И тогаш доволно беше ѕвезда кака што беше Мерилин Монро да се прошета во еден ваков модел и за кратко време истиот да стане популарен во целиот свет, па нема да се изненадите доколку го сретнете и на фотографиите на вашите баби и дедовци.
Ваквиот модел само со современ дизајн и детали како што се на пример прорезите на моделот што го носи Светлана, се повторно во мода, а уште неколку шик варијанти погледнете во продолжение…