Сопругата на Зоран Заев промени имиџ и го запали интернетот – шок трансформација, нема да ја препознаете во ова издание!
Сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев, Зорица Заева, се пофали со новиот имиџ и фризура.
Имено, на социјалните мрежи неодамна „исплива“ фотографија на која Зорица изгледа речиси непрепознатливо, во потполно друго издание од она во кое ја гледавме додека нејзиниот сопруг седеше во премиерската фотелја.
Таа ги изненади своите фанови со своето издание, а многумина коментираа дека изгледа подобро од кога било досега.
Наместо црна, таа е со значително осветлена коса, а и од самото лице и се познава дека е поприлично ослабната.
Како таа изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение:
Елегантна дама која го негува својот природен изглед
Зорица како сопруга на поранешниот премиер помина низ турбулентен период во животот.
Но, сакана и исполнета како мајка и сопруга, таа не крие и дека знае да ужива во животот и покрај големите обврски што ги има.
Кога нејзиниот сопруг стана премиер на Македонија таа како негова сопруга дојде во центарот на вниманието, а медиумите не ретко пишуваа за нејзиниот изглед, но и за промените што ги направи во нејзиниот имиџ.
Црната коса и црвениот кармин и се заштитен знак, а што се однесува до нејзиниот стил, не ретко можеме да ја видиме и во младешки комбинации.
Без разлика дали станува збор за панталони или здолниште, таа избира модели кои одлично одговараат на нејзината фигура, а кога станува збор за шминка, сопругата на поранешниот премиер се препушта во раце на професионалци, но секогаш се труди да изгледа природно.
На фотографиите од понов датум може да се забележи дека е драстично ослабена, но и изгледа значително помладо.
Инаку, Зорица по професија е дипломиран економист, сопруга и мајка на две деца, ќерката Александра и синот Душко.
Нејзината љубовна приказна со поранешниот македонски премиер започнува уште од средношколските клупи.
Тие се познаваат уште од деца, а нивното познанство ќе порасне во нешто посериозно во средношколските денови.
Последната година од економскиот факултет ќе почнат и заедно да живеат, а по некое време по студиите и ќе се заколнат на вечна љубов.
Наследничката на Зорица ќе биде докторка
За разлика од Зорица, која на социјалните мрежи најчесто „завршува“ кога некои нејзини блиски ќе објават фотографија од неа, нејзината ќерка Александра Заева важи за мошне популарна девојка на Инстаграм.
Шармантната струмичанка не ретко знае да ги воодушеви своите обожаватели со нови фотографии, а така беше и кога ја објави следната фотографија и никого не остави рамнодушен.
Таа тогаш посебно внимание привлече со високите потпетици што ги носеше кои се со потписот на познат светски бренд.
По некое време и нејзината мајка ќе се „прошета“ во многу сличен модел кој во тоа време беше еден од омилените на многу познати дами.
Инаку, Александра кога заврши средно се запиша на медицина во Софија и ќе биде првата докторка во семејството.
Кога нејзиниот татко стана премиер, таа и нејзината позната братучетка, ќерката на Вице Заев, Ева Заева, толку беа популарни на социјалните мрежи што за нив пишуваа и многу портали од соседните земји. Но по некое време нивната голема популарност како да стивна, иако тие и денес со секоја своја нова објава на Инстаграм предизвикуваат големо внимание меѓу своите бројни фанови.
Повеќе фотографии од идната докторка и наследничка на Зорица Заева, како и од нејзината убава братучетка, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
.