Сопругата на Заев преполовена и никогаш поубава – ќе се изненадите и од другите дами во семејството
Луксуз на сите страни, Зоран Заев никогаш посреќен
Очигледно внимавале на секој детаљ
Поранешниот премиер, Зоран Заев, го прослави својот 50-ти роденден, а на социјалните мрежи испливаа детали од прославата.
Тој за својот јубилеен роденден направи голема прослава на која ги угости своите најблиски роднини, пријатели и колеги.
Меѓу првите роденденот на Заев на социјалните мрежи му го честиташе неговата ќерка Александра Заева, но и Славица Заева, сопругата на неговиот брат, Вице Заев.
Инстаграм/ Славица Заева
Славица ја покажа и волшебната декорација што остава без здив, а со која беше украсен просторот каде што се славеше.
Инстаграм/ Славица Заева
Но покрај раскошната декорација она што посебно привлече внимание беше и стилот на понежниот пол на семејството Заеви.
Инстаграм/ Александра Заева
Имено, Александра објави заедничка фотографија од целото семејство, а со своите објави привлече внимание и Славица Заева.
И додека Зорица блескаше во раскошен фустан со впечатлив цветен дезен, Зоран беше облечен во црно од глава до пети.
Инстаграм/ Славица Заева
Од друга страна сопругата на неговиот брат избра црна тоалета преку која носеше бело сако, а поприлично интересно беа облечени и нивните наследнички, братучетките Александра и Ева Заева.
Инстаграм/ Славица Заева
И бидејќи Заев меѓу своите е познат како голем домаќин, тој очигледно се потруди забавата да помине на врвно ниво.
Инстаграм/ Славица Заева
Просторот беше одлично прилагоден за прославата, а гостите ги забавуваше пејачот Дарко Филиповиќ.
Инстаграм/ Ева Заева
Поранешниот премиер секако дека беше еден од највеселите на прославата, а вистински хит беше и тортата која посебно го израдува славеникот, а може да ја видите тука…