Сопругата на Заев доследна на стилот – одлично изгледа во овој елегантен фустан на свадбата кај Љупчо Николовскии
За оваа свадба веќе со денови се збори .
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовскии на социјалните мрежи објави и селфи фотографија како позира со избраничката Андријана Јакимовска на денот на свадбата која се одржа во Александар Палас.
Тие лани се венча во интимна атмосфера, но уште тогаш најавуваше дека сака да прави голема свадба.
Бидејќи и двакцата се по потекло од Крива Паланка,за нивата љубов многу се зборува. По некое време тие ја прекинале врската, по што Андријана заминала во Словенија. Таа работи во меѓународната компанија Интеренерго, со седиште во Љубљана. Компанијата се занимава со трговија со електрична енергија, изградба и управување со енергетски објекти со употреба на обновливи извори и подобрување на енергетските перформанси на зградите и индустриските капацитети. По неколку години разделеност, тие случајно се сретнале на први јануари 2019 година и сфатиле дека љубовта е посилна од се. Продолжиле таму каде што застанале, позрели и поискусни.
Меѓу гостите, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, бил целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев.
Зорица Заева сопругата на поранешниот премиер претпознатлива е по својата црна негувана коса, за која не се одлучи да направи промена дури и кога осветлувањето на косата стана светски тренд. Без разлика дали станува збор за панталони или здолниште, таа избира модели кои одлично одговараат на нејзината фигура.
Овој пат избра црн фустан кој одлично и прилега.