Сопругата на Жељко Јоксимовиќ во ова здолниште предизвика хаос на социјалните мрежи: „Можеше ли покусо? Срамота…“
Сопругата на Жељко Јоксимовиќ се појави во кратко здолниште на едно снимање и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Водителката Јована објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која позира заедно со својот колега од утринската програма, но заради начинот на кој беше облечена следуваа бројни негативни коментари.
Имено, таа носеше кратко здолниште, кое во реден план ги истакна нејзините нозе, кои очигледно предизвикаа внимание и беа главна тема во коментарите на нејзините следбеници и на многумина им влезе во очи.
„Не можеше ли да облечеш пократко здолниште? Срамота…“, „Јована тргна на плажа“, „Треба да очекувате се’ пократко и пократко, зарем не ви е јасно дека со кратки здолништа и дотурка до тука“ беа само некои од коментарите.
Сепак, повеќето коментари на Инстаграм беа дека водителката изгледа прекрасно, а „Само се смеј убавице“, „Утрото е поубаво со вас“, беа само некои од нив.
Инаку, Јована секое утро на ТВ Прва заедно со својот колега Срѓан Предојевиќ ја води утринската програма. Нивните емисии и гости секогаш предизвикуваат внимание, но овој пат очигледно во фокусот беше Јована.
Што мислите вие за ова издание на Јована?