Сопругата на Вело Марковски во издание од кое застанува здивот – професорот блеска од љубов покрај неа
Евгенија предизвика воодушевување со фустанот во кој секоја жена би изгледала како милион долари
Повторно воодушевува со својот моден избор
Евгенија Марковска, сопругата на проф. др. Вело Марковски, ги воодушевува сите со своите елегантни, но истовремено и смели и лежерни изданија. Тоа можеме да го кажеме и за нејзините последни фотки на кои позираше во фустан украсен со цветни мотиви кои се сé што ви е потребно за ова лето.
Убавата Евгенија едноставно блескаше во ова свое издание и ги воодушеви сите, а објави фотка и на која позира со Вело.
Креацијата е зачинета со преубав цветен дезен во пастелни бои, а еден детаљ ја прави да биде уште поинтересна.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Имено фустанот е направен така што се врзува во задниот дел, со долги парчиња материјал кои лелеаво паѓаат на грбот.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
И бидејќи фустанот беше во нежни пастелни бои, г-ѓа Марковска избра да го комбинира со беж салонки со високи потпетици и црвен кармин, а косата и беше врзана во пунџа.
Инстаграм/ Евгенија Марковска
Погледнете ги и останатите изданија на оваа прекрасна дама кои би можеле да ви послужат како инспирација за ова лето…