Сопругата му е права дама, а ќеркaта божествено убава – Трифун КОСТОВСКИ откри кој му е најголема слабост
Еве како изгледаат најважните жени во животот на Трифун
Трифун Костовски е роден на 27 декември 1946 во Скопје, Република Македонија.
Трифун Костовски животот го посветува на помош на оние на кои им е најпотребна, грижа за науката, културата и уметноста, иако јавноста најмногу го знае по неговото спонзорирање во спортот. Едно од тие спонзорства секако е женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров кој и ја донесе првата најголемата радост на спортско поле на македонската нација, освојувајќи ја титулата Европски шампион во 2002 година, токму под покровителство на Трифун Костовски.
За својата работа, спонзорства и донации Трифун Костовски досега има добиено и многу награди и признанија за придонес во спортот, во културата, во уметноста, за конструкција и реставрација на верски објекти, за зачувување и реставрација на културно-историски споменици.
Под мотото „Човекот пред сè“, Трифун Костовски финансира и поддржува голем број невладини организации, болници и социјални институции, хуманитарни и волонтерски активности, постојано донира за операции и лекувања на болни луѓе, а социјално загрозените групи знаат дека во Костовски имаат голем пријател и помош во секое време.
Долги години е во брак со сопругата Драгица со која има три деца.
За себе вели дека можеби звучи претенциозно, но се смета за совршен сопруг.
– Уште од првите денови на бракот со мојата сопруга Драгица-Дизи, таа ми кажа: „Не сакам ниту да влегуваш во кујна, ниту да купуваш нешто“.
Кога ќе ме пратеше нешто да купам, не купував ништо како што треба. После кусо време ми рече „ти не си за на пазар“. Јас и одговорив дека сум израснат на пазар, на што таа ми рече „да, но ти си израснал од таа страна на тезгата, не од оваа“, напиша Костовски.
Вели дека како татко секогаш се трудел да биде нежен, но принципиелен и на моменти ригорозен.
– Морам да кажам дека принципиелноста до некаде ми ја уби мојата сопруга. Вообичаено сум познат меѓу граѓаните како дарежлив човек, и апсолутно сè што имам во џеб ќе го дадам, и сопругата често пати ми префрлуваше со зборовите: ти штедиш на децата, не им даваш на децата, туку даваш на други. Тоа ме погоди, пишува Костовски на својата веб страна.
Сепак, неговото семејство за него е светст и причина за борба во животот.
Вели дека е исклучително горд на сите свои деца, за кои вели дека се чесни, со чесни намери, а тој дал сѐ од себе да им помага во сѐ во животот.
Деновиве тој сподели фотографии со неговата ќерка Олга Костовска. Олга е инаку и пораешна сопруга на бизнисменот Јордан Камчев. Олгa е успешна жена, жена која служи за пример на останатите. Мора да се признае дека изгледа неверојатно, а важи и за една од најдобро облечените дами во нашата земја.
Трифун сподели фотографии со неа, а во опис напиша порака со која трогна многумина:
„Најголемата љубов и слабост на секој татко – неговата ќерка“, стои во описот на фотографиите.
Внуката на Трифун
Инаку, Трифун деновиве имаше посебна причина за радување.
Имено, неговата внука Неда Костовска е матурантка, а тој сподели заедничка фотографија на својот профил на социјалните мрежи.
Горд сум на мојата внука Неда чие име го носи по мојата покојна баба. Ангел мој, ти посакувам да успееш по патот кој што сама си го избрала, а Трики ќе те следи секогаш чекор до тебе“, напиша бизнисменот Костовски додавајќи честитки и една порака за сите матуранти во Македонија.
„Учете мили мои деца, наоружајте се со знаење, само така ќе успеете во сопствениот живот и животот на целокупната заедница“.