„Сонот без таткова прегратка не ме остава“: Ќерката на Гоце Арнаудов со емотивна порака за него – ги воодушеви сите
Поминаа 10 години откако Македонија остана без една од најголемите музички ѕвезди, а неговата ќерка напиша емотивна порака.
Не постои човек во земјава кој не знае кој е Гоце Арнаудов и не знае барем една од неговите легендарни хитови.
Без неговите песни не може да помине ниту една семејна прослава и забава, остави трајни вредности, остави стихови кои секогаш ќе ја отсликуваат македонската судбина. Пејачот кој никогаш нема да биде заборавен.
Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година.
Тој има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место.
Зад себе остави ризница хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“
„Дали чекаш стара мајчице“, „Штом ноќта помине“… и многу други.
Приватно беше и сопруг на Силвија, а татко на Харита, синот Оскар и познатата македонска пејачка Кристина Арнаудова.
Кристина го наследи неговиот талент за музика и е единствената од децата која ги следи неговите стапки. Но, она што никогаш не го криеше од јавноста беше дека не е во добри односи со него.
Таа е негово вонбрачно дете. Во едно од своите интервјуа има кажано дека нејзината мајка ја родила кога имала 19 години и е најзаслужна што останала да расте со неа, бидејќи целото семејство инсистирано Кристина да биде дадена во дом.
Кристина е во добри односи со својата сестра Харита, која пак има само убави спомени поврзани за нејзиниот татко. Оскар е единствениот син на Гоце, кој никогаш не се експонирал во јавноста.
Харита често на социјалните мрежи пишува статуси за пејачот преку кои споделува и приватни моменти кои никој не ги знаел.
По повод 10 годишнината од загубата на неговиот живот таа се огласи на Фејсбук.
На фотографија на која позира покрај споменикот на својот татко, таа во опис напиша емотивна порака посветена на него.
„Го етапиравме животот на “со тебе” и “после тебе”…
Но уште си секојдневно присутен… И секоја радост со тебе ја споделувам… И секоја тага се обидувам од тебе да ја скријам… Песната, таа ни остана, остана и онаа недопеаната… Но и во новите песни се нешто твое наоѓам….. И 100тици анегдоти во наследство кои секојдневно не “частат” партија смеење….
… А и во ноќите… сонот без таткова прегратка не ме остава…
10 години без тебе, 10 години после тебе…
6ти декември… И пак дожд, па сонце, па дожд, па сонце…. Таков е животот, тој продолжува, љубовта останува, за тебе непроменета, сите овие 10 после тебе… “, напиша таа.
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова
ФОТО: Фејбук / Харита Арнаудова