Реклама
Наши ѕвезди

Собранието ја отпиша, но Мицко ја запиша – прво селфи на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со дамата што ги воодушеви Македонците

Реклама

Во 3 часот по полноќ на вчерашната седница во македонското собрание беше разрешена техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Фото: Инстаграм// Христијан Мицкоски

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во своето барање за разрешување на техниката министерка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на собраниската седница наведе дека тоа е заради флагрантно кршење на Уставот на кој техничката министерка се заколнала со преземање на должноста.

Рашела Мизрахи по прес конференцијата пред банерот на кој пишува Република Македонија изјави дека е подготвена да плати 5000 евра казна, но нема да држи прес-конференции со табла на која стои новото име на државата. Таа изјави дека кога дошла во министерството не нашла друг банер со друго име и дека нема намера да става друга табла на кое ќе пишува Република Северна Македонија.

Маркетинг

„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи“, изјави тогаш Рашела и додаде дека немало друга табла.

Таа и во вчерашното обраќање кога за нејзиното разрешување гласаа 62 пратеници, а 26 беа против рече:

Маркетинг

„Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда“, истакна поранешната министерка.

Фото: Инстаграм// Христијан Мицкоски

Откако беше разрешена, во доцните часови на својот Инстаграм претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, објави фотографија со неа и напиша: „Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка МАКЕДОНИЈА!“

Инаку, во текот на седницата во своето обраќање од собраниската говорница и пратеникот Антонио Милошоски застана во одбрана на својата сопартијка.

„Проверив во Централен регистар, самиот Никола Димитров не го сменил името на министерството за надворешни и сега тој ќе кажува дека треба да биде сменета Мизрахи. На жена од метар и 65 сантиметри и покажувате мускули, а го чувате Димитров оти ги фали сите премиери. Вечерва министерката Мизрахи покажа на многу членови на СДСМ како се сака и брани држава. Вие немате ни мандат, ни техничко право да разрешувате министри. Вашиот мандат е да спроведете избори. Таблата ли е пречка за изборите? Не, туку тоа што Рашела откри какви малверзации правела Царовска. Димитров е наконтен Коте од Руља, кој неколку пати правеше предавство“ рече тој во своето обраќање од говорницата.

Грција неколку дена претходно испрати протестна нота за кршење на договорот од Преспа. Инаку, нејзиниот колега, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, беше прв што побара нејзино разрешување.

Која е Рашела?

Разрешената министерка во преодната влада Рашела Мизрахи е докторка на науки по биохемија. Таа докторирала на Универзитетот Бар Илан во Израел. Има остварено научно истражувачки дејности на универзитети во Израел, Канада и Македонија, од областа на биохемија, молекуларна биологија на репродуктивни клетки, генетскиот потенцијал…

Еве што пишува во нејзината биографија:

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада.

Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.

Поранешната министерка Мизрахи има остварено научно-истражувачка дејност во периодот од 2007-2014 година, на Институтот за научно истражување базирано на животни „Кибуц Лахав“ во Израел и во Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и истражувања по биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки, на катедрата на Проф. Хаи Браитбарг, на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел.

Во нејзината кариера има остварено научно-истражувачки дејности и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, областа физиологија на репродукција.

Во својата професионална кариера има учествувано со свои презентации на повеќе конференции и конгреси како Балканската Ветеринарна Конференција во 2009 година, Третиот Интернационален Конгрес на тема: „Контраверзии во криопрезервацијата на стем клетки, репродуктивни клетки, ткива и органи“ во Берлин, во 2013 година, Конференција на Израелската Асоцијација за Фертилност – Тел Авив, и „Mitochondrial PKA mediates sperm motility“ (BBA – General Subjects/2014) во 2014 година, Третата Интернационална Школа за Ретки Болести и ORPHAN медикаменти во Рим, Италија во 2015 година, и била предавач на Интернационалната школа за млади лидери во Охрид, во 2017 и 2018 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button