Со солзи во очите пееше за неа: Победникот на “Никогаш не е доцна” ги расплака сите со својата животна приказна- оваа песна ја посвети на пoчинатaтa сопруга и извојува победа
Победата и ја посвети неа...
Македонецот Павле Витанов годинава успеа да оствари победа во музичкото шоу “Nikad nije kasno”.
Според гласовите на Фејсбук годинава годинава е Павле Витанов од Македонија, Сабина Калтак доби најмногу СМС гласови, а на крајот беше прогласен и победникот на жирито – Петар Спасојевиќ.
61- годишниот Петар пред јавноста ја раскажа тешката животна приказна и ги расплака сите.
Имено, неговото детство поминало со многу подеми и падови, а за прв пат побегнал од дома на петнаесетгодишна возраст поради кавга со татко му.
Денеска е успешен, се занимава со музика, има жена и две ќерки а најголем дар му се двете внуки.
Петар откри дека мотивот за учество на натпреварот бил да покаже љубов и почит кон болната сопруга Зорица, која во меѓувреме поч.ина.
– Вечерва пееме песна која нема цена, откако поч.ина мојата сопруга. Последниот пат кога бевме тука, таа беше добро, сега ситуацијата е таква и за моите ќерки, и за моите пријатели и за сите што ме познаваат – рече Петар за време на натпреварот и песната „Svirajte noćas samo za nju“ ја посвети на неговата сопруга, што ги расплака сите во студиото и оние пред малите екрани.
– Сето тоа се емоции од срце, од душа, таков е животот. Се надевам дека е горда на мене, овој настап го посветив и на моите ќерки кои во некои моменти беа и поекспонирани од мене. Значи ова е благодарност и до нив, ако може да се каже преку песна – изјави ветеранот за Гранд по настапот.