Македонско девојче китка шарена… Не залудно се вели во оваа народна песна дека нема поубаво девојче од Македонче!
Дали сте слушнале за преубавата Елена Реи? Наша манекенка која го освојува светот со својата убавина.
Таа е еден од нашите најдобри и најпопуларни модели која изгради неверојатна кариера. Најголемата успех ан Елена е кога работеше на ревијата за Келвин Клајн и веднаш потоа кога модната библија Vogue ја стави на својата листа со модели, на кои им предвиде блескава кариера. За среќа тоа навистина се случи па денес Реи може да се пофали со фантастично портфолио во светскиот моделинг.
Па така пред да си замине од Кина успешно ги промовраше и кампањите за најголемите кинески брендови како MOTF, SHEIN и D: FUSE.
Со право и гордост можеме да констатираме дека нашиот најуспешен топ модел ја покори Азија – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.
Инаку нејзината кариера започна во 2009 година, а веќе две години потоа работеше ревии во Милано за светскиот бренд Blumarine.
Погледнете уште неколку професионални фотографии од оваа убавица.