Со оваа изјава Миле Китиќ ја шокираше јавноста: Имаме отворен брак- може да ме изневерува но јас да не гледам!
Пејачот Миле Китиќ со децении е во брак со Марта Савиќ со која, како што самиот истакнува, имаат совршен однос.
Сепак, со години се шпекулира за нивната врска, но и за развод. Имаше бројни тврдења, кои не се согласуваат со неговите изјави, а тој сега реши да стави крај на овие шпекулации, па на шега го коментираше прашањето за отворен брак.
– Марта ме освои со своето однесување. Беше мирна и тивка, а јас мислев дека со ваква жена треба да се оженам. Таа отсекогаш имала разбирање за мене, на тој начин ме освојувала. Марта ми е ветер во грб и ми ја одржува кариерата – ја започна својата исповед Миле, а потоа продолжи со тврдењата дека двајцата имаат отворен брак:
– Ако ни треба тоа нас, зошто да не, но едноставно не пред мене. Никогаш не ја прашав за тоа. Таа прави што сака, а и јас – беше искрен пејачот.
За потсетување, пејачката Марта Савиќ и нејзиниот сопруг и колега Миле Китиќ живеат во луксузна вила во центарот на Белград.
Инаку, медиумите неодамна објавија дека познатиот пејач кој денес има 68 години нешто повеќе од две години прима германска пензија од околу 1600 евра. Тој повеќе од две децении угледно плаќал данок во оваа држава, каде има пријавено место на живеење. Тој решил да почне да плаќа данок во Германија уште во 90-тите години, кога во Југославија беше воена состојба и имаше голема инфлација.
Како што пренесе српскиот Курир, а според извор близок до пејачот, тој ни самиот не знаел дека стекнал услов за пензија. Ова познатиот пејач наводно го дознал дури откако бил известен од претставници на фондот во Германија.
Кога наполнил 65 години добил допис дека може да ги предаде потребните документи за да замине во пензија.
Миле тоа и го направи и само неколку месеци подоцна ја доби и првата пензија. Тој наводно данокот и сите други потребни давачки почнал да ги плаќа во Германија уште во 1994 година бидејќи само така можел да добие работна виза.