Со неговиот лик сите пораснавме: Посебен ден за јунакот од народните приказни – годините не му можат ништо
Прекрасен ден за омилениот лик на децата кои растеа во 90-тите.
Честитки до јунакот од Македонските народни приказни.
Оние кои растеа со првата постава глумци во Македонските народни приказни, многу добро го паметат актерот Кирил Андоновски.
ФОТО: Фејсбук
За време на својот 40 –годишен професионален стаж на сцените во театрите низ Македонија има одиграно над 2937 претстави во над 150 премиери, од кои на матичната сцена 97.
Најголем впечаток остави токму со улогите во приказните.
ФОТО: Фејсбук
Андоновски е жива легенда, кој на сите ни подари прекрасно детство и дела кои и денес ја греат душата.
Актерот има 82 години и веќе долго време ужива во пензионерските денови.
Има и свој Фејсбук профил, каде понекогаш знае да сподели и фотографија од најблиските.
ФОТО: Принтскрин
По повод неговиот роденден, на неговиот профил беше објавена фотографија со синот и внукот, а во опис пишува:
„Најсреќен роденден на нашиот јунак од секојдневието и од приказните.
Дедо Кире и неговиот неуморлив радосен дух што го разубавува нашето живеење.
Уште најмалце пола од овие 82 дедо Кире !
Да си жив и здрав“.