Со неа односот му е „љубов и омраза“ – Талат од „Преспав“ страсно ја бакна оваа убавица
Тој страсно ја бакна, а таа силно го изгреба.

Талат од „Преспав“ откри каков однос има со оваа убавица.
Актерот Дритон Вејсели голема популарност кај македонската публика стекна со улогата на рецепционерот Талат во умористичната серија „Преспав“.
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
„Преспав“ на сатиричен начин го прикажива секојдневието во Македонија, претставено со сите свои маани – балканскиот менталитет, желбата за влез во ЕУ, борбата за брза заработка, сплотеноста на вработените во борбата за нивните права и судирот со нивните газди.
Талат е омилениот лик на целата публика, а Дритон е целосна спротивност од улогата која ја игра во серијата.
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
Она што малкумина го знаат е дека Дритон нема возачка дозвола, но и дека неговите родители се сопственици на познатата скопска слаткарница „Малага“.
Дритон е роден во Тетово, но детството го поминал во Скопје, каде живее и денес.
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
Актерот има и двајца браќа, постар и помал од него. Со помалиот е 10 години разлика, а со постариот 3 години. Вели дека одлично се согласуваат и дека во нивното семејство секогаш има позитивен дух.
Неговиот постар брат е музички продуцент, а Дритон вели дека растел со неговата музика.
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
Својот приватен живот го крие како змија нозете и стои настрана од сите афери и шпекулации.
На својот Инстаграм профил сподели интересна фотографија со бела персиска мачка, а нивниот однос го опиша како „љубов и омраза“.
Фотографијата одлично го отсликува нивниот однос, бидејќи откако таа силно го изгребала и дури и му пуштила крв на раката, тој сепак страсно ја бакнал.
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели
ФОТО: Инстаграм / Дритон Вејсели