Реклама
Наши ѕвезди

Со кого да ја оставам Цеца? Синот Вељко ја отвори душата – отворено за свадбата, бременоста на Богдана и зошто живее кај својата мајка

Реклама

Вељко Ражнатовиќ се ожени со Богдана Родиќ во ноември минатата година, а пред тоа двојката дозна дека ќе станат родители.

Тој сега откри како се чувствува по повод „помпата“ која се случи околу неговата свадба.

Маркетинг

„Сите кога се женат или мажат велат дека било магично. Јас убаво си поминав со најблиските, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше убаво и тоа е најпрекрасниот ден во мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку„, рече Вељко.

Познато е дека за некој месец тој и Богдана ќе станат родители, па не крие дека едвај чека да дојде тој ден и открива како неговата сопруга се однесува како бремена.

Маркетинг

„На тоа се радувам како мало дете. Отсекогаш сум сакал моето прво дете да биде машко. Анастасија секогаш имаше проблем во животот. Се шегувам, нормално. Ме плашеа сите кога бременоста е во прашање, но мојата жена е прекрасна и вистинска легенда, благодарам на Бога“, рече Вељко и открива дали подготвува прослава кога Богдана ќе се породи:

„Подготвувам вистинска српска веселба со своите пријатели, но далеку од очите на јавноста“.

Ражнатовиќ открива и дека во блиска иднина планира со сопругата да се отсели од својата мајка Цеца:

„Со кого да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој кој е доволно маж да биде рамен на мојаат мајка, јас тогаш ќе им дадам приватност ако сакаат, а до тогаш мајката јас ја чувам.“

Сите велат дека Вељко се смирил на сите полиња, па откри дека за тоа е најзаслужна неговата жена.

„Сите вистински папучари, како јас, знаат како тепаат жените. Мораш да си дојдеш дома рана. Одиш на тренинг, па куќа – работа- работа – куќа“, вели Ражнатовиќ кој живее во куќа каде жените се мнозинство.

„Јас сум Србин, но дали му било тешко на Сулејман? Се шегувам, нормално. Се учи човек кој и кога треба да го одбегнува“, заклучи синот на Цеца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button