Познатата пејачка од самиот почеток фура провокативен стил
Балканската поп-дива Јелена Карлеуша пред 25 години гостуваше на фестивалот „Денови на естрадата“ и тоа беше еден од нејзините први настапи во кариерата.
Нејзиниот прв албум беше објавен во 1995 година и се викаше „Огледалце“ и веќе истата година настапи на овој фестивал.
Контроверзната српска пејачка на сцената ја изведе познатата песна по која е наречен и албумот, а можеме да забележиме колку се променила од тогаш до денес.
Таа тогаш беше русокоса, но со рамни шишки со какви потоа ја немаме видено, а нејзиниот стил и тогаш беше провокативен и многу поразличен од оно0ј на другите.
Како таа изгледаше погледнете во продолжение:
Инаку, Карлеуша и денес не ретко го менува својот имиџ, а покрај новите парчиња што ги носи, пејачката деновиве ги изненади сите и што повторно ја скрати косата. Таа објави фотографија на која е потполно различна од сите изданија што ја имаме видено во последно време.
Карлеуша додаде дека ја сака бојата што ја преферира, па не се сомневаме дека наскоро ќе блесне повторно во „Ѕвездите на Гранд“.И бидејќи во прашање е Карлеуша, која само на Инстаграм има преку два милиони фанови, воопшто нема да се изненадиме ако во блиска иднина и некои нејзини помлади колешки тргнат по нејзините чекори.
Впрочем, таа тоа го прави веќе со децении наназад …