Снегот кој натрупа во главниот град беше одлична можност најмладите да излезат и да уживаат во зимските детски игри.
Фолк-пејачот Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми покажа како изгледа неговиот двор прекриен со снежна покривка.
Цаки неколку децении веќе е дел од македонската естрада и е еден од најангажираните и најдобрите машки вокали.
Секој викенд, па и работен ден Цаки настапува на различно место, во различен град.
Редовно споделува фотограа од своите настапи преку кои може да се види дека локалите се преполни секогаш кога Цаки прави атмосфера.
Публиката е на нозе и ужива во неговите изведби.
Цаки и неговата група Кисми освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.
Најголема поддршка во сѐ што прави секако е неговото семејство.
Активен е на социјалните мрежи каде често споделува фотографии од неговите најблиски.
Цаки е посветен сопруг и татко, а од пред некое време и горд дедо.
Тој и неговата сопруга Пале се долги години во брак, а плод на нивната љубов се нивните две деца, син и ќерка.
Најсреќен во последно време го прават внучињата и секогаш гордо споделува фотографии од времето кое го поминува со нив.
Отворено зборува за својот приватен живот, па воопшто и нема проблем да покаже како изгледа неговиот дом.
За новогодишните празници тој објави фотографии од празничната магија во неговата дневна соба.
Сега откако во Скопје наврна доволна количина снег, Цаки покажа како изгледа неговиот двор под снежна покривка.
„Конечно снекче”, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми