Снаата на Цеца БЛЕСКА со стомакот до забите – и свекрвата не ја трга насмевката од лицето, и двете изгледаат како милион долари
Сопругата на Вељко не ја трга насмевката од лицето…
Познатата фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ има одличен однос со својата снаа Богдана Ражнатовиќ.
Тоа дека одлично си поминуваат кога се заедно можевме да го видиме и од нивните заеднички објави на Инстаграм.
Така беше и овој пат кога насмеани позираа во автомобил, стокмени тип-топ од глава до пети.
Сопругата на Вељко не ја тргаше насмевката од лицето додека беше со свекрвата, а на фановите им испрати бакнеж. Она што сите го забележаа е дека Богдана има стомак до забите и дека блеска во својата втора бременост.
Таа треба да се породи во следните неколку дена, а од снимите може да се забележи дека ужива во бременоста.
Таа позираше со широка насмевка на лицето, опуштено и потполно подготвена за породување.
Инаку, Богдана и Вељко во јуни 2016 го добија синот Жељко, а сега повторно очекуваат машко дете на коешто ќе му го дадат името Крстан.
Цеца ужива во улога на баба и често го минва времето со својот внук, а неодамна се врати од Шпанија каде што беше со него.
Тие заедно беа да ја посетат нејзината ќерка Анастасија која живее кај момчето, фудбалерот Немања Гудељ.
Како Цеца и малиот Жељко уживаа, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм