Снаата на Брена прозборе искрено дали му е неверна на сопругот и ги „шокираше“ фановите со интимните детали што ги откри
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ наскоро ќе прослават три години од брак, но овие денови нивните наводни брачни проблеми ги полнеа насловните страни.
Пејачката Александра Пријовиќ во разговор со дневниот весник „Ало“ откри што му замерува на својот сакан, но и зошто никогаш не може да се скара со него. Таа притоа се осврна и на шпекулациите дека не му е верна.
„Не му замерувам за ништо, но ми пречи што понекогаш е невнимателен и што ги расфрла работите по дома. Јас сум девица во хороскоп и сакам се да е на свое место“, изјави таа за споменатиот весник.
На прашањето на новинарот што ќе изјави за приказните дека не му е верна, пејачката изјави:
„Па како да го коментирам тоа воопшто? Тоа се глупости. Многу глупава приказна. Јас не знам со што е предизвикана и каква е намерата. Филип и јас се смееме на сето тоа“, изјави искрено Пријовиќ, а многу нејзини фанови беа „шокирани“ од тоа што пејачката не е премногу загрижена заради ваквите невистинити приказни за неа и Филип.
На прашањето дали се љубоморни и дали си ги проверуваат меѓусебно телефоните, Александра изјави:
„Не, јас тоа никогаш не го правам. Никогаш не сум го земала телефонот на Филип, ниту пак тој мојот“, изјави таа.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ