Снаата на Брена првите пари ги заработи на 15 години – и НЕ ги потрошила за облека, туку и помогнала на својата мајка
Снаата на Лепа Брена, Александра Пријовиќ, важи за една од најпопуларните пејачки во нашиот регионот.
Таа е толку популарна што детали од нејзиниот личен живот не престануваат да ја интересираат јавноста.
Пејачката неодамна се потсети која беше нејзината прва работа во животот, но и како ги заработи своите први пари, па сподели со јавноста и како ги потрошила.
„Како девојче, многу често одев кај баба ми во фирмата и им правев кафе на нејзините колешки. На сите им кажував ‘Одам да работам со баба ми’. Како и да е, првата работа од која што направив пара беше со пеење, кога бев на 15-годишна возраст. Парите ги донесов дома затоа што сакав да му помогнам на моето семејство. Никогаш не ми се случило да трошам пари на скапа облека и излегувања “, рече Александра.
Инаку, Пријовиќ ги поминува деновите во изолација поради пандемија во нејзиниот дом.
Неодамна имавме можност да видиме како, веројатно под влијание на изолацијата, нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ реши да го смени личниот опис и си ја избричи главата, а потоа и како Александра го воодушеви машкиот дел од публиката со едно провокативно селфи.
Таа се сликаше пред огледало во куси шорцеви, а во преден план се нејзините убави долги нозе.