Луѓето родени во хороскопскиот знак Стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал.
Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна. Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори.
Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.
Стрелците не се плашат да убијат пајак со голи раце и немаат проблем да се движат по мрачниот ходник до тоалетот, среде ноќ. Повеќе се склони кон тоа да прифатат сериозни повреди, отколку да направат нешто на лесен начин.