Вести

Сметките за парно ќе се намалат за над 60 отсто – Еве кога

Advertisement

„Вкупната количината на топлина што се троши во Скопје е 500-510 гигават часови. Митилинеос ќе произведува 275. Во моментов Те-То произведува 280, а околу 220 топланите, при што цената на топланите е два пати повисока од таа на Те-То.

Цената на Те-То, што ја утврдила Регулаторната комисија е 2,3 денари, а на топланите е 5,3 денари“ рече директорот за развој и инвестиции на ЕСМ,Виктор Андонов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Advertisement

Тој додаде дека кога цената на топланите од 5,3 денари, ќе се замени со 2,3, ќе се намалат сметките за парното во Скопје.

„Ваквите електрани се поефикасни од топланите, бидејќи произведуваат и струја и топлина. Таа цена што ја плаќаме за топланите 5,3 денари, сега ќе биде 2,3. Кога ќе влезе во целиот систем, сметките за струја ќе се намалат за над 60 проценти“ објасни Андонов.

Тој рече дека дополнително со инвестицијата на Митилинеос се обезбедува и постојано греење за скопјани, за да не се случи ситуација како таа со БЕГ, што поради покачувањето на цената на гасот, скопјани останаа без топлинска енергија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button