Наши ѕвезди

Слепата Лана (16) запеа задно со пејачот Саша Матиќ – од нејзиниот глас публиката падна во транс

Advertisement

Познатиот српски пејач Саша Матиќ по еден концерт ја воодушеви публиката кога запеа со едно шеснаесетгодишно слепо девојче.

Advertisement

Девојчето се вика Лана и нејзиното слепило е последица на мутација на наследен ген, а дијагнозата е конечна и болеста е неизлечива. Но таа е одличен ученик и има неверојатен глас, а во тоа можевме да се увериме и откако со Матиќ го запеа неговиот голем хит „Ко си ти“.

„Ова е мојот најубав ден во животот“ изјави девојчето откако имаше прилика да се запознае, па и да запее заедно со познатиот пејач кој и предвиде успешна кариера доколку продолжи да се занимава со пеење.

Инаку, близнаците  Дејан и Саша Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави, но прерано родени. Затоа мајката и таткото морале своите деца да ги сместат во инкубатор во породилиштето во Загреб. Од неутврдени причини (најверојатно невнимание на медицинската сестра), двете бебиња по само неколку дена во болница, ослепеле, а тој недостаток судбината им го вратила со извонредниот музички талент па така тие веќе со години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.

Во продолжение погледнете како Саша изгледа без очила.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button