Скоро, па златна свадба: Еве како Гоце Тодоровски и неговата сакана прославија годишнина од брак
Целото семејство се собра на едно место да прослави.
Популарниот македонски актер и неговата сопруга се скоро 5 децении во брак.
Со неговиот лик и улогите растеа генерации и генерации.
ФОТО: Фејсбук
Доајенот на македонското глумиште, Гоце Тодоровски остави траен белег на театарската, филмската и телевизиската сцена.
Заедно со Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова и Лазар Бараков се петте темели на Македонските народни приказни. Легенди кои никогаш нема да бидат заборавени.
ФОТО: Фејсбук
Гоце Тодоровски пред пензионирањето беше вработен во Драмскиот театар во Скопје, а освен ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго.
Иако е во пензија и поатам е професионално ангажиран и често неговиот глас го позајмува за синхронизираните турски серии.
ФОТО: Фејсбук
Приватно е сопруг, татко и дедо.
Тој и неговата Тања прославија 49 години во брак.
ФОТО: Фејсбук
По тој повод целото семејство се собра кај нив дома да прослави.
Нивната ќерка Сашенка сподели фотографии од прославата на својот Фејсбук профил.