Скопска фирма бара работници – Основна плата 50.000 денари

Фирмата Електрометал го прослави своето шест децениско постоење. Ова е на полето на трговското делување на овие простори синоним за континуирано трговско делување и со поставеноста на компанијата не е само тенденција да се задржи високиот рејтинг, туку и да го надополни своето работење.
Се започна во минатиот век, во далечната 1949 година. Имено на 16 април во сеуште бурните години на повоеното време со решение на Владата на Народна Република Македонија оформено е претпријатието Ангрометал. Ова претпријатие е регистрирано како трговска фирма за метални, хемиски и градежни материјали.

Во 1954 година Окружниот стопански суд во Скопје донел решение со кое се регистрира дека компанијата ја проширила својата дејност и со продажба на текстил.
Поради фактот што од 1962 година ова претпријатие се дефинирало како фирма која ќе се занимава само со текстил се менува неговото име и станува Ангротекстил.

Кратко време по ова претпријатието повторно ја менува својата дејност и повторно го менува своето име во Трговско претпријатие за промет со универзални стоки на големо и мало – Интерпромет.
Во склад со Законот за здружен труд во 1979 Работната организација за промет на стоки и услуги на големо и мало Интерпромет останува да делува и натаму и се формира ООЗТ за промет на метални и електрични стоки на големо Електрометал.

Во 1989 Интерпромет се интегрира со Електрометал.
Една година потоа Електрометал се преструктуира во АД во мешовита сопственост за да наскоро по ова стане и комплетно акционерско друштво.
Во 1995 Електрометал Акционерското друштво за промет на стоки и услуги на големо и мало извршило трансформација согласно Комисијата на Владата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал .

Во 2007 од Акционерско Електрометал преминува во Друштво со ограничена одговорност.
Друштвото Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје има потреба за вработување на 1 (еден) Работник на работно место во Подружница ЕЛЕКТРОМЕТАЛ Скопје:
1. Раководител на Маркет во Скопје
Потребни квалификации:

Средна или висока стручна спрема
Задолжително познавање на компјутери-пакет MS Office и работа во систем (предност работа во Pantheon)
Задолжително работно искуство во продажба и на работната позиција што се бара
Одговорност за целосно организирање на работата на Маркетот согласно позитивните законски прописи
Комуникативност, услужливост кон клиентите/купувачи, способност за водење на тим и тимска работа
Возачка дозвола- Б категорија
Основни обврски и одговорности:

Раководи и го организира секојдневното двосменско работење на Маркетот
Ја следи залихата на трговската стока во Маркетот
Прави навремени нарачки на трговска стока што ја нема на залиха
Дава предлози за продажни активности во насока на подобрување на продажбата
Плата: 50.000,00 денари.
Вашето CV, доставете го на адреса ЕЛЕКТРОМЕТАЛ 1949 ДООЕЛ Скопје ул. Перо Наков бр.25 со назнака на работното место “Раководител на Маркет” најдоцна до 15.11.2023 година.

Напомена:
Контактирани ќе бидат само кандидатите кои имаат солидно работно искуство во овој сектор и кои ќе влезат во потесен круг за интервју.
Некомплетни, некомпетентни и ненавремени апликации како и апликации без назнака нема да бидат предмет на разгледување.

Повеќе инфо на следниот линк
Друштвото Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје има потреба за вработување на работници за работни места во седиштето на Друштвото во Скопје:
ПРОДАВАЧ/КИ – СКОПЈЕ
Потребни квалификации:

Средна стручна спрема
Задолжително познавање на компјутери (MS Office)
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат познавање на електро и неелектро материјали, група на производи: кабли и кабловски,прибор,автоматика,бакелитарија, расвета, водовод, санитарија,електричен алат,хемија
Возачка дозвола ,,Б,, категорија
Комуникативност
Способност за тимска работа
Вашето CV, доставете на адреса Електрометал 1949 ДООЕЛ Скопје ул. Перо Наков бр.25 со назнака на работното место “Продавач” најдоцна до 03.11.2023 година.
Напомена
Контактирани ќе бидат само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Некомплетните и ненавремени апликации како и апликации без назнака нема да се разгледуваат.




