Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика. Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.
Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика. Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.
Ова се разбира доколку компанијата нема финансиски тешкотии, кога може да се исплаќаат и помали износи.
Токму одредбата дека фирмата била финансиски нестабилна, беше мета на чести критики изминатите години, како од Државниот трудов инспекторат, така и од ССМ, кој досега не успеа да издејствува нејзина промена кај работодавачите.
Дотолку повеќе што со ова не се кажува ни дека фирмата треба да биде во минус, туку се зборува само за „тешкотии во работењето“, што е многу широк поим.
-Износот на регресот се утврдува според основицата, која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Според Колективниот договор, основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.
Просекот за последните 3 месеци за кои Државниот завод за статистика има објавено податоци (мај, јуни и јули,2023 година) е 36.457 денари, што значи дека 40 отсто се 14.582 денари.
Работникот има право на регрес за годишен одмор под услов да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите.
Со растот на просечната плата во Македонија, автоматски порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува 14.582 денари.
Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.
Крајниот рок за исплата на регресот е 31 декември, а компаниите ќе добијат зелено светло за исплата уште на 1 јули годинава. Единствениот услов за работникот да добие К-15 е да биде најмалку 6 месеци вработен во фирмата и секако, да биде уредно пријавен на определено или на неопределено работно време.
Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Ако работникот е пријавен на половина работно време, односно 20 часа неделно му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор и исплата на половина износ од утврдениот регрес.
Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време, односно 40 часа неделно му следуваат најмалку 20 работни дена годишен одмор, односно најмногу 26 работни дена и исплата на целиот износ на регрес за годишен одмор.
K-15 се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавците.