Скандалот со Македонецот во „Ѕвездите на Гранд“ ги шокираше сите – пејачката ги премина границите?!
Познатата фолк-пејачка го навреди младиот пејач
Вики Миљковиќ беше упорна, додека Марија Шерифовиќ цело време ја потсетуваше дека е на телевизија со национална фреквенција.
Познатата фолк-пејачката и една од членките на жирито, Вики Миљковиќ, жестоко беше критикувана на социјалните мрежи заради нејзиниот коментар за еден натпреварувач од Македонија.
Имено, таа во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“ му порача на Омар Џаферовски од Скопје дека мора да ослабне неколку килограми или во следниот круг нема да гласа за него.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Тоа посебно ја изреволтира нејзината колешка Марија која и порача дека за ваков коментар во Америка се оди во затвор, додека Вики се бранеше останувајќи на својот став дека нема ништо лошо во нејзиниот коментар и дека сето тоа му го кажала добронамерно.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Па ти кандидатот го навреди на национална фреквенција, будало една“, и порача Марија откако претходно ја предупреди дека цело време тропа глупости и дека е невоспитана.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Ајде, одведете ја во она нејзино село“, зборуваше Марија огорчена од коментарот на својата колешка во шоуто.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Сето ова предизвика револт и кај многу корисници на социјалните мрежи каде Вики исто така беше жестоко критикувана заради нејзиниот коментар, па многумина и порачаа дека претерала.
„Но тоа е сепак Вики (Виолета). Самото име зборува кој е и што е. Така и зборува, се облекува и се однесува. Отсекогаш била ограничена“, „Па ова е грозно! Ужас!“, „Простача“, беа само некои од коментарите.
Повеќе за ова прочитајте тука >>