Големиот скандал на Јелена Карлеуша се префрли и во образовните институции.
Српската пејачка на својот Инстаграм профил ја сподели дипломската работа на еден студент на Факултетот за политички науки во Загреб, на која главна тема е нејзиниот скандал со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Есејот го носи насловот „Селебрити дипломатија во поранешна Југославија: Случај, Јелена Карлеуша”. Јелена беше воодушевена што на некому му послужила за пример во добри цели, па така реши тоа да го сподели со нејзините бројни обожаватели на Истаграм.
Ова не е прв пат нејзиното име да помине низ образовните институции. Според Курир, пред седум години меѓу прашањата за тестот на општата култура спроведен на бројни факултети, имаше прашање за името на хитот на Јелена, во кој се споменуваат библиските имиња на некои градови во песната.