Пејачката Данијела Мартиновиќ во последниот период е актуелна во медиумите по новата љубов која и се случи откако ја раскина дводецениската врска со Петар Грашо.
фото архива
По раскинувањето Данијела остана присебна и не сакаше да коментира за поранешниот кој по неколку месеци започна врска со нивната колешка Хана Хулиќ со која денес ја има ќерката Алба.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Пејачката молчеше за деталите од раскинувањето. Таа остана сопственик на бројни хитови и автор на романи дури и кога се дозна дека Грашо се оженил со убавата Хана, добил ќерка и и го дал името Алба, како што го планирал тоа со Данијела.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Ова секако беше голем удар за неа, но и тогаш остана присебна.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Во последно време зборува само за новата љубов, инспекторот Јосип. Данијела неодамна ја објави книгата „Туширање на душата“, а Јосип не бил запознаен со содржината на целата книга.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
– Беше запознаен само со одредени делови, а дури кога беше отпечатена книгата ја прочита во целост. Потоа ми рече: „Верувам дека многу луѓе ќе најдат смисла во предизвикувачките моменти од својот живот читајќи ја и ќе ги разберат пораките и ќе се присетат на убавите и на помалку убавите периоди“, рече Данијела.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Но со оглед на тоа што голем број песни – хитови, кои публиката ширум Балканот ги обожава, ѝ ги напиша Грашо, Данијела не може да ги избегне прашањата за поранешниот, авторот на песната „Нека ми не сване“.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Данијела Мартиновиќ за Петар Грашо кој воедно напиша многу нејзини хитови изјави дека тоа се прекрасни нумери кои траат повеќе од 20 години и дека се гордее со нив.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
По две и пол години молк, ова беше прва изјава на Данијела за нејзиниот поранешен партнер.
Инаку Данијела сега ужива во љубовта со инспекторот Јосип Плавиќ кого го запознала пред околу една година кога поднела пријава преку Интернет за кражба на идентитет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се гледаат а таа не крие дека покрај него ја пронашла среќата.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
– Иако разговорот беше официјален, а ситуацијата во која се најдов ми беше сосема непозната, зрачеше смиреност и мир. На самиот крај од разговорот, наместо „збогум“, ми рече: „Нека те прати насмевка.“ Веднаш знаев дека тој е посебна личност. Јосип е цврсто закотвен, нема тензии со него, секогаш наоѓа начин и пристапува на се темелно, изјави неодамна Данијела за Story.hr.