Сите се крстат од потегот на познатата актерка: Како не ѝ е срам, човекот почина пред само четири дена

По смртта на актерот Тајлер Кристофер, поранешен сопруг на ТВ ѕвездата Ева Лонгорија, следбениците на нејзината страница на Инстаграм ја чекаа нејзината реакција.
Ева Лонгорија не сподели почит за смртта на Тајлер Кристофер, кој почина на 50-годишна возраст од срцев удар.
Наместо сочувство, актерката објави дека постигнала успех со вклучувањето во списанието „Тајм“, кое ја нарече „една од латино лидерите кои ја менуваат шоубиз индустријата и земјата“.
View this post on Instagram
„Благодарам на магазинот „Тајм“ што ме вклучи меѓу другите латино лидери и визионери. Постојано сум инспирирана и мотивирана да продолжам со мојата работа“, напиша таа.

Додека едни и честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на починатиот поранешен сопруг, ниту пак го спомнала од неговата смрт.
„Можеше барем нешто да направиш“, треба да се засрамиш“.

Фото: Фејсбук
„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен маж“, „Барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“, „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.
Да потсетиме, од 2002 до 2004 година Кирстофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајно далеку“ Ева Лонгорија.

– Да се биде во брак е потешко отколку што мислевме. И двајцата имаме навики од кои не сакавме да се откажеме – изјавила Ева Лонгорија по разводот.




