Сите очи вперени во неа: Кејт Мидлтон издоминира на црвениот тепих – сите гледаа во ОВОЈ ДЕТАЉ
Принцот и принцезата од Велс вчера вечерта се сретнаа со кралот на рокенролот – додека разговараа со Остин Батлер по неговата победа на БАФТА за неговата улога во Елвис.
Кејт Мидлтон (41) изгледаше како холивудска ѕвезда додека го придружуваше нејзиниот сопруг принцот Вилијам на настанот исполнет со ѕвезди, Ројал фестивал хол во Лондон.
Принцезата која инаку е мајка на три деца, за оваа прилика се одлучи за тоалета на Александар Меквин со едно рамо, која првпат ја носеше на настанот во 2019 година.
По церемонијата парот се дружеше со ѕвездите, вклучувајќи ја и Остин и Ема Меки од Сексуално образование, како и водителката на настанот, Алисон Хамонд.
Белата тоалета на Кејт со едно раме претрпе некои мали измени, а цветните детали на рамото беа заменети со огромен материјал.
На лицето имаше гламурозна шминка со розев кармин, а косата ѝ беше собрана позади рамената.
Она што најмногу привлече внимание беа драматичните црни ракавици -моден детаљ каков не е својствен за членовите на кралското семејство.
Вилијам е претседател на Бафта од 2010 година, а Кејт првпат присуствуваше на настанот со нејзиниот сопруг во 2017 година.
За овој настан Вилијам се одлучи за класично одело, кое што одличо му прилегаше.
Погледнете повеќе фотографии:
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин